IZET CURI

  • MODELISM
  • STYLISM
  • SEWING
  • TAILORING

Изет Цури

Професор Изет Цури е основач на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“. Тој е меѓународно признаен дизајнер и стилист, специјализиран во областа на луксузна и висока мода.

Изет Цури е роден на 2 септември 1948 година во Косово, но своето детство го поминува во Скопје каде што започнува да учи за шиењето во 1962, на свои 13 години. Во 1966 тој веќе започнува да ја води работилницата во која го учи занаетот.

Во 70-те години тој одлучува да замине за Париз за да го унапреди знаењето и искуството. Така пристигнува во Франција на 21 година. Квалитетот на неговите креации го привлекуваат вниманието на тогашниот директор на Hermѐs кој во 1973 му дава понуда за работа во престижната модна куќа, како и документи и сместување. Изет ја прифаќа понудата и останува таму 4 години. Во меѓувреме, во 1975, Изет се сретнува со Thierry Mugler кој според него донел револуција во модата со уникатниот и модерен стил во неговите цртежи. Така во 1977 Изет Цури станува моделист во оваа млада модна куќа.

За време на соработката со Thierry Mugler тој се сретнува со Azzedine Alaïa и му помага да отвори своја модна куќа. Работат заедно до 1988, за потоа повторно во 1994 Изет да се врати како технички директор на неговите работилници.

Во 1989, Изет Цури добива шанса да изработи костими за кино и театар и тогаш станува кројач на многу познати личности како што се Richard Berry, Isabelle Adjani, Christopher Lambert, Josiane Balasko, Gerard Depardieu, Johnny Hallyday, Emir Kusturica…

Во 1997 тој ја изработува својата прва колекција во високата мода за Jean Paul Gaultier, како моделист. На 5 декември истата година соработува со босанската стилистка Amelia Vilic за модна ревија во чест на UNESCO во рамки на проектот “Weaving links between nations”.

Во периодот помеѓу 2000 и 2005 Изет Цури соработува со реномирани дизајнери и модни куќи како Anne Valérie Hash, Pascal Humbert, Chloé, и Frédéric Molenac, а потоа и со Jean-Claude Jitrois, Chanel и Christian Lacroix за време на 2006 и 2007 година.

Неговите исклучителни модни креации се едни од омилените на многу ѕвезди како Isabelle Adjani, Christopher Lambert, Gerrard Depardieu, Sean Connery, Monica Belluci, Emir Kusturica, Cindy Crawford, Naomi Campbel….

Од 2011 Изет Цури почнува да води работилници за мода и шиење во Fashion Federation. Истата година е назначен за уметнички директор на македонската модна куќа Астибо.

Тој ги има дизајнирано униформите на пилотите во француските воздушни сили, декорациите за нивните авиони, како и костимите за хостесите на Канскиот филмски фестивал.

Покрај Итернационалниот институт за мода во Скопје, Изет Цури води своја креативна работилница и модно училиште Design Factory во Приштина, Косово, и редовно соработува со училишта како IFM и ESMOD за креативен моделизам. Тој зборува 7 јазици: албански, француски, англиски, српски, македонски, бугарски и турски.

“Дојдов во Париз со мала чанта знаење и се вратив со голем куфер полн со идеи, искуство и знаење кои сакам да ги споделам со новите генерации на таленти.“

USAAlbaniaMacedonian

Content is protected. Right-click function is disabled.