Изложбата е организирана со поддршка на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција во Македонија и општина Чаир, па секој од претставниците на овие институции се обрати до присутните и го изрази задоволството за сработената работа. Изет Цури, кој своето 40-годишно работно искуство се обиде да им го пренесе на сите оние што имаат желба да научат.

На прашањето како е задоволен од сработеното, тој ќе каже:

-Не се работи за тоа дали и како сум задоволен. Се работи за тоа дека ние имаме цел. Сакам да излезе генерација на дизајнери и моделисти од нашето школо со вистински познавања, затоа што во Македонија, најголемата индустрија е текстилната, а нема моделисти.

На студентите од различни националности и возрасти им беа доделени и сертификати, со што уште еднаш се покажа дека за учење и надоградување никогаш не е доцна. Целта на изложбата е да се заокружи една година и да се подигне интересот кај луѓето за модата во Скопје, но и во Македонија.