IZET CURI

  • MODELISM
  • STYLISM
  • SEWING
  • TAILORING

Мр-Елена Вангеловска

Мр. Елена Вангеловска
Службен е-маил: elena_qf@yahoo.com
Научно-уметничка област: моден дизајн и костимографија

Мр. Елена Вангеловска е родена во Битола,1983 год. Средното образование го
завршува во училиште за ликовна и применета уметност “Лазар Личеноски” – Скопје. 1998-2002 диплома за завршено средно образованиe. Високото образование го продолжува на Национална Ликовна Академија – Софија, отсек: Моден дизајн; -Завршна дипломска ревија “Суета”, 2006. Во 2007/08 продолжува на постдипломски студии на Националната Ликовна Академија во Софија, Магистратура – Костимографија, Изработка на костимографија за драмата
“Мизантроп” од Молиер. Во 2008 год. се стекнува со титула магистер во областа на костимографија.

Работно искуство
2016: Интернационален институт за мода ИЗЕТ ЦУРИ
2010–2015: Доцент при ФОН Универзитет, Факултетот за дизајн и мултимедија – Скопје, по група предмети од модниот дизајн.
2010: Доцент при Европскиот Универзитет, Факултетот за арт и дизајн – Скопје, по група предмети од модниот дизајн.
2008-2010: Асистент при Европскиот Универзитет на Факултетот за арт и дизајн, Скопје, по група предмети од модниот дизајн.

Самостални и групни изложби и проекции:

· Групна ревија – Галерија на Националната Ликовна Академија – Софија, 2006
· Изложба на ДЛУБ, Музеј на град Скопје, Р. Македонија, 2009;
· Годишна изложба на ДЛУБ – Музеј на град Битола, 2009;
· Изложба на млади автори, Галерија Магаза, Битола, Р. Македонија, 2008;
· Годишна изложба на ДЛУБ – Градска галерија – Битола, 2007;
· Изложување на ДЛУБ – Градска галерија – Прилеп, 2008;
· Изложување на млади автори – Галерија Магаза – Битола, 2008;
· Изложување на ДЛУБ – Салон на друштво на ликовни уметници на Битола, 08;
· Учество во моден едиторијал со сопствена колекција во бугарскиот магазин
МОДА, 2006 година.

Професионални ангажмани, проекти:
· Реализација на Костимографија на театарска претстава “АНА И ХАНА” режија:
Драгана Гунин; продукција-Н.У. Турски театар СКОПЈЕ 2018 година
· Реализација на Костимографија на театарска претстава ” ЛУДИ ЗА ЉУБОВ” режија: Деан Дамјановски; продукција- Драмски театар Скопје 2018 година
· Реализација на Костимографија на театарска претстава “СНГ-Среќна нова година”- режија: Бојан Трифуновски; продукција Н.У. Турски театар СКОПЈЕ 2017
· Реализација на Костимографија на театарска претстава “АВАНТУРИТЕ НА
АЛАДИН” режија: Бојан Трифуновски; продукција – Македонски Народен
Театар, 2016 година
· Реализација на Костимографија на театарска претстава „Мизантроп“ во режија на
Драгана Милошевски-Попова, Премиера, Охридско Лето 2013, Н.У. Турски
Театар, Скопје,  2013 година
· Реализација на костимографија во филмскиот проект “БАРДО” – во режија на Марија Апчевска, 2012 година
· Реализација на костимографија на театарската претстава „Рекламна бајка“– во
режија на Русомир Богдановски, Театар за деца и младинци, Скопје, 2012 година
· Реализација на костимографија и визуелни ефекти на Евросонг 2011 година на Влатко Илиевски –Дизелдорф, Германија.
· Реализација на костим за рекламни спотови за T-Mobile, Стопанска банка АД и сокот PLAY, 2009 – 2011
· Реализација на костимографија на театарската претстава “Вртелешка” во режија
на Оливер Мицевски, Универзална сала – Скопје, 2009 година;
· Реализација на костимографија на театарската претстава “Клоунада” во режија на
Сашо Илиев, Националната Галерија – Софија, 2007 година;
· Реализација на костимографија на театарската претстава “И најумниот понекогаш
е прост” – во режија на Веселин Ранков, Националната Татарска Академија – Софија, 2006 година;

Интернационални фестивали:
· Детски филмски фестивал Сиетл, Вашингтон, САД, 2014
· Меѓународен филмски фестивал за деца – Children’s India, Индија, 2014
· Меѓународен филмски фестивал за деца и млади “Giffoni Experience”, Италија, 2013
· Џифони Македонија“ филмски фестивал за деца и млади, Македонија, 2013
· Берлински Филмски Фестивал-БЕРЛИНАЛЕ, Германија, 2012
· ИФИ Фемили Фестивал, Ирска, 2012
· Филмски Фестивал „Златен кожурец“, Адана, Турција, 2012
· Фестивал на европски филм – Синедејс, Скопје, Македонија, 2012

Награди и признанија :
· Награда ‘Cinecourts’- Синемед- Фестивал на медитерански филм, Монпелие, Франција, 2012
· Најдобар краткометражен филм , Меѓународен фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012
· Најдобар краткометражен филм – Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012
· Награда за најдобар краткометражен филм – Меѓународен филмски фестивал „Дрим Фест Синема“, Слатина, Романија, 2012
· Најдобар краткометражен филм во програмата Глобална фикција – Меѓународен фестивал на краткометражен и документарен филм АСТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2012
· Награда „Ацо Алексов“ за најдобар македонски автор – Меѓународен
фестивал на краткометражен и документарен филм АСТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2012

Трудови и публикации:
Мр-Елена Вангеловска досега има реализирано повеќе самостојни и групни
изложби, модни ревии, театарски и филмски реализации во областа на
костимографијата во Македонија и пошироко. Вангеловска е автор на
уметнички проекти кои бележат награди и достигнувања во областа на
културата и уметноста како и во сферата на модниот дизајн. Остварила бројни
студиски патувања и учества на конференции и симпозиуми низ цела Европа и
светот. Своите познавања од областа на дизајнот и уметноста веќе со години
несебично ги пренесува на студентите во Скопје, каде работи како асистент,
доцент и како вонреден професор по група предмети од 2008 година.

Content is protected. Right-click function is disabled.