Интернационалниот институт за мода “Изет Цури” одржува 9 месечни курсеви за моделизам, стилизам, кроење и шиење, на македонски, албански, англиски и француски јазик.
Во рамките на овие 9 месеци студентите се усовршуваат во сфера на:
– Познавање за модната култура
– Основните методи за работа
– Работа со работната кукла
– Учење на табелите за мерење
– Учење на техниките за шиење
– Работа со материјал, прибор и кукли од Париз
– Развој на вештини, создавање на начин за размислување, за обработка на различни техники за креирање иновативни модели
– Цртање, креативен развој, истражување, дизајнирање
– Проширување на професионални и економски знаења
– Надворешна соработка (професори од Франција, Италија, Швајцарија)