IZET CURI

  • MODELISM
  • STYLISM
  • SEWING
  • TAILORING

Интернационален институт за мода Изет Цури

Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствуваме посветено и сериозно во едукација на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера и среќни сме што нашата посветеност резултира со сѐ поголем број на ученици секоја година. Веќе успешно создадовме млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции и изложби под директно менторство на професорот Изет Цури кој има долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. По 40-годишното работно искуство во Франција и соработката со најелитните француски дизајнерски куќи како Jean Paul Gaultier, Thierry Mugler, Chanel, Hermes и Azzedine Alaia, тој е несомнено квалификуван да препознае креативци од оваа област кои заслужуваат поддршка.

Нашиот професор Изет Цури силно верува во нови таленти, па оттаму и одлуката да се врати во Македонија по 40 години и да го пренесе своето знаење и искуство на новите генерации. Затоа, Интернационалниот институт за мода Изет Цури е отворен за ситe љубители на мода.

Нашата програма е признаена на меѓународно ниво и нуди обука во четири насоки – моделизам, стилизам, шиење и кроење.

Во Интернационалниот институт за мода предаваат внимателно избрани поединци кои вистински се посветени на работата која го носи нивниот печат и се стремат кон високи стандарди. Освен предавањата на професорот Изет Цури и други професори од Македонија, во институтот се одржуваат и предавања на успешни професори од странство, како што е професор Доминик Брунет од Франција.

Зошто да студирате кај нас?

 Интернационално ИСКУСТВО
ВИСОКОКВАЛИФИКУВАНИ ПРОФЕСОРИ
БРЗА И КВАЛИТЕТНА ЕДУКАЦИЈА
РЕАЛНИ ПРОЕКТИ
ЈАСНА ВИЗИЈА
СЕРТИФИЦИРАНО ЗНАЕЊЕ

Последни новости

Content is protected. Right-click function is disabled.